РАБОТИЛНИЦА ПО ПОВОД ДЕТСКАТА НЕДЕЛА – „Мали креативци – големи дела“

Oktobar 8, 2026

Учесници: ученици од I, II и III одделение

Тема: Креативно изразување преку цртање и боење

Целта на работилницата е поттикнување на детската креативност, имагинација и слободно изразување преку ликовна работа. Учениците ќе имаат можност да ги покажат своите идеи, да го развиваат чувството за бои и форми, но и преку заедничка работа да учат за дружење, соработка и почитување на другите.

Учениците заеднички ќе учествуваат во активноста, при што секое дете ќе има слобода на свој начин да ја изрази својата идеја. Посебно внимание ќе се посвети на меѓусебното помагање, соработката и создавањето пријатна и поттикнувачка атмосфера.

На крајот од работилницата, изработките ќе бидат претставени и изложени во просториите на училиштето, со цел учениците да можат да ги покажат своите мали, но вредни креативни дела.

Порака на работилницата

„Секое дете има имагинација, а кога ќе ја претвори во бои и цртежи – настануваат големи дела!

Одговорен наставник – Зилха Биберовиќ.

bs_BABS